Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во средата, 22 септември, изјави дека носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ есенва ќе влезе во состав на оперативната група на руското Воено воздухопловство во Средоземното море.
„Целиот спектар авиони и хеликоптери, предвиден со одлуката на министерот за одбрана ќе се наоѓа на носачот на авиони“, соопшти генерал-мајор Игор Кожин одговарајќи на прашањето дали на носачот на авиони ќе бидат распоредени најновите ловци МиГ-29К и хеликоптерите Ка-52Ка, пренесува „Взгљад“.
Тој додаде дека сите предвидени активности се веќе реализирани.
Стандардниот винг на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ се состои од палубни авиони Су-33 и Су-25, како и од хеликоптери Ка-27/Ка29. Во моментов на бродот се врши тестирање на нова воздухопловна група во чиј состав се наоѓаат ловци МиГ-29К и хеликоптери Ка-52Ка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче