Москва го повика Вашингтон да не си игра со оган

Москва го предупредува Вашингтон по повод објавените соопштенија дека САД планираат хакерски напади против Русија.

Плановите на САД за подготовка на масовен кибер-напад врз Русија се „игра со оган“, изјавите на Вашингтон во врска со тоа се наивни и неодговорни, изјави специјалниот претставник на претседателот на РФ за меѓународна соработка во областа на информативната безбедност и амбасадор со посебни задачи на МНР РФ Андреј Крутских.

„САД се подготвуваат за кибер-војна и сакаат да нѐ заплашат? Тоа е наивно и неодговорно од нивна страна. Тие се обидуваат да си играат со оган, но можат да ја запалат и куќата“, ги пренесува неговите зборови „Взгљад“.

Тој потенцира дека „ниту едно дејство против Русија нема да остане неказнето“.

Претходно портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи ги изјавите на Вашингтон, изјави дека непредвидливоста и агресивноста на САД растат и дека таквите заканите се без преседан.

Помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков изјави Русија ќе реагира на плановите за хакерски напади на САД врз руското раководство и дека тоа е непристојност.

Во средата претседателот Владимир Путин, зборувајќи за обвинувањата против Русија за хакерски напади, изјави дека во објавените информации кои се однесуваат на Хилари Клинтон, нема ништо што е од интерес на Русија и дека се создава хистерија за да се одвлече вниманието од нивната содржина.

Од своја страна министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека нема докази за руска вмешаност во претседателската трка во САД и дека таквите изјави се смешни.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња