Потпишувањето на меѓувладиниот договор за „Турски тек“ означува старт за реализацијата на проектот. Изградбата на гасоводот ќе почне во 2018 година, изјави првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер.
„Договорот во делот на почетокот на реализацијата на проектот, членот кој зборува за почетокот на реализацијата и изградбата на проектот, стапува во сила од моментот на неговото потпишување... Даден е старт за реализација на проектот. Според нашиот план, непосредната изградба ќе почне во 2018 година“, изјави Милер во интервју за телевизијата „Русија 24“.
Според него, морскиот дел од гасоводот 100% ќе му припаѓа на „Гаспром“, а исто така компанијата во целост ќе го преземе и финансирањето на изградбата на двата крака. Инфраструктурата за транспорт на гасот на територијата на Турција од приемниот терминал ќе ја гради турската „Ботас“.
За создавање на транзитна инфраструктура за испорака на гас до европските потрошувачи во Турција ќе биде формирано заедничко претпријатие, додаде Милер, пренесува РИА „Новости“.
Тој исто така соопшти дека механизмот „попуст на гас“ за Турција ќе зависи од обемот на испораките во таа земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче