САД сакаат да воведат санкции против РФ поради кибер-нападите

Претседателот на поткомитетот на САД за кибер-безбедност Кори Гарднер изјави дека планира да поднесе предлог-закон за санкции против Русија во врска со сомневањата на американската разузнавачка заедница дека „руски хакери“ наводно се обиделе да влијаат на исходот на изборите во САД.

„Планирам да поднесам предлог-закон кој предвидува администрацијата да воведе санкции против лошите дејци во Русија одговорни за злонамерна активност во кибер-просторот“, напиша Гарднер на својот профил на „Твитер“.

Министерството за внатрешна безбедност и канцеларијата на директорот за национално разузнавање на САД во заедничка изјава ја обвинија Русија за вмешаност во хакерските напади врз политички организации во САД.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ги нарече истите обвинувања кои претходно беа изнесени во американските медиуми за „апсолутно неосновани“; пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња