Песков: Неосновани обвинувањата од САД за хакерски напади

Претходно американското ФБИ соопшти дека располага со факти за упад на странски хакери во базата на податоци за регистрација на избирачи во Аризона и Илиноис.

Обвинувањата на адреса на Москва за поддршка на хакерите кои учествувале во упад во базата на податоци за регистрација на избирачи во американските држави Илиноис и Аризона се неосновани. Руските власти не сметаат дека е потребно да се обрнува внимание на нив, соопшти портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Како и претходно, овие изјави се со апсолутно неоснована природа, на ништо не се основаат, никакви факти не се даваат, тие се апсолутно неаргументирани и во целина не сметаме за потребно да обрнуваме внимание на тоа“, изјави Песков.

Претходно американското ФБИ соопшти дека располага со факти за упад на странски хакери во базата на податоци за регистрација на избирачи во Аризона и Илиноис. Во Илиноис властите на крајот на јули биле принудени да го затворат на десет дена системот за регистрација, затоа што хакерите дошле до пристап до личните податоци на двесте илјади избирачи.

Во билтенот на ФБИ се регистрирани осум IP-адреси од каде се вршеле нападите. Експертот во областа на кибербезбедноста Рик Барџер изјави за „Јаху Њуз“ дека најмалку една од нив фигурира на илегалните форуми на руските хакери. Од администрацијата на гувернерот на Аризона Мет Робертс тврдат дека ФБИ открило во упадите „руска трага“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња