Русија ќе поднесе на разгледување во Советот за безбедност на ООН алтернативна предлог-резолција за Сирија, соопштува РИА „Новости“ повикувајќи се на постојаното претставништво на РФ во ООН.
„По гласањето за француската предлог-резолуција ќе биде разгледан алтернативниот руски документ“, соопштија од дипломатската мисија на РФ.
Гласањето треба да се одржи денеска, 8 октомври.
Претходно постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин изјави дека Русија не може да дозволи усвојување на француската предлог-резолуција за Алепо. Тој го нарече без преседан барањето на Советот за безбедност до Русија – една од постојаните членки на СБ – „да ги ограничи своите дејствија“.
Документот ги повикува Москва и Вашингтон „да обезбедат режим на прекин на огнот и да ги прекинат сите воени летови над сирискиот град“. Исто така, документот содржи и точка за контрола од страна на ООН. Покрај тоа, се предлага разгледување на „опции за понатамошни мерки“ во случај на непочитување на примирјето „од која било од страните, вклучени во внатрешниот сириски конфликт“.
Претходно на 7 октомври министерот за надворешни работи на Франција Жан-Марк Ејро изјави дека претстојното гласање во Советот за безбедност ќе биде „момент на вистината“ за Русија.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, од своја страна, изрази надеж дека Франција ќе ги земе предвид руските амандмани за предлог-резолуцијата, „инаку Советот за безбедност на ООН нема да може да даде свој придонес во регулирањето на сириската криза во наведената етапа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче