САД ќе преземат мерки на безбедност во Сирија поради руските С-300

САД се загрижени за безбедноста на своите сили и затоа ќе ги преземат сите мерки на безбедност во Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон Питер Кук.

На прашањето на новинарите дали Пентагон ја смета за закана изјавата на портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков за тоа дека дострелот на С-300 може да биде изненадувачки за неидентификувани летала, Кук рече дека ќе бидат преземени сите чекори за да можат американските сили да бидат побезбедни.

Кук потсети дека терористичките организации во Сирија не располагаат со авијација, па затоа се поставува прашањето против кого се насочени системите С-300.

„Каналот за комуникација за безбедноста на летовите функционира ефикасно, и покрај несогласувањата што ги имаме со Русија. Ние ќе продолжиме да го користиме тој канал за комуникација и ја повикуваме Русија да го прави истото“, заклучи Кук, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби изјави дека, според него, изјавата на портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Конашенков може да содржи скриена закана, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња