МО РФ ги потсетува САД на радиусот на дејство на С-300 и С-400 во Сирија

Радиусот на дејство на руските ПВО-системи С-300 и С-400 може да биде изненадување за секој неидентификуван објект, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков

„Ќе ги потсетам американските стратези дека воздушното покривање на руските воени бази во Хмејмим и Тартус го вршат противвоздушните системи С-400 и С-300, чиј радиус на дејство може да се покаже како изненадување за сите неидентификувани летечки објекти“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

Конашенков потенцираше дека борбените пресметки на руските системи за ПВО „тешко дека ќе имаат време за разјаснување по „директна лнија“ на точната програма на летање на ракетите и вооружувањето што го носат нивните носители“.

„А сите илузии на дилетантите за постоењето на „стелт“ авиони може да се соочат со разочарувачка реалност“, додаде тој.

Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ им укажа на сите „вжештени глави“ на фактот дека по нападот на коалициските сили врз сириските сили во Деир ез-Зор Москва презела мерки за избегнување такви „грешки“ против руските војници.

Конашенков исто така истакна дека „протекувањето“ во западните медиуми за дискусијата во САД за можноста за удари врз сириската војска може да биде пролог за реални дејствија.

„Би сакал да им препорачам на колегите во Вашингтон внимателно да ги пресметаат можните последици од реализацијата на таквите планови“, резимираше генералот.

Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти за испораката во Сирија на батерија системи С-300. Министерството истакна дека се работи за чисто одбранбен систем, кој не претставува закана за никого.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња