Стејт департмент: Лути сме, огорчени и нажалени

Претходно портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека одлуката за прекин на дијалогот за Сирија со Русија била тешка за САД и дека таа е наводно последица од фактот што Русија ги прекршила своите обврски.

„Лути сме, огорчени и нажалени поради прекинот на дијалогот со Москва за Сирија“, соопшти Стејт департментот.

„Излеговме од договорот што го постигнавме со Русија во состојба на извесен гнев, огорченост и жалење, затоа што и понатаму сметаме дека овој договор, доколку беше реализиран, ќе беше најдобриот пат кон напредок, кон политички процес, политички преоден период, политичко решение“, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, пренесува „Взгљад”.

Претходно портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека одлуката за прекин на дијалогот со Русија за Сирија била тешка за САД и дека таа наводно е последица од фактот што Русија ги прекршила своите обврски.

А портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека во дијалогот со Русија за Сирија„сите го загубија трпението“. „Нашиот претседател од почетокот зборуваше дека Русија нема да го постигне она што го сака доколку не ги исполни своите обврски. За жал, тоа не се случи. САД и Русија повеќе немаат за што да разговараат од гледна точка на договорот за Сирија. Тоа е трагедија за сирискиот народ“, изјави Ернест. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња