САД ги прекинуваат билатералните контакти со Русија за Сирија

САД соопштија дека ја прекинуваат билатералната соработка со Русија за примирје во Сирија. Како причина за таквата одлука го наведоа „непочитувањето на своите обврски од страна на Москва“.

САД соопштија дека ја прекинуваат билатералната соработка со Русија за примирје во Сирија. Како причина за таквата одлука го наведоа „непочитувањето на своите обврски од страна на Москва“.

МНР Русија потенцира дека на тој начин Вашингтон, откако не успеа да го исполни договорот за Сирија, се обидува да ја префрли одговорноста врз Москва.

Како што изјави претставникот на Стејт департментот Џон Кирби, САД „не ги жалеа напорите за преговори“ и одлуката за прекин на соработката со Москва за Вашингтон „не беше лесна“, пренесува РИА „Новости“.

Според него, Русија не успеа да ги исполни своите обврски, како и да го постигне тоа со сирискиот режим. „Наместо тоа Русија и сирискиот режим одлучија да одат по патот на војната кој не се совпаѓа со прекинот на борбените дејствија“, истакна портпаролот на Стејт департментот.

Покрај тоа, тој изјави дека Русија одбила да ги прекине нападите во Сирија, како што тоа го барале САД.

Кирби исто така додаде дека несакањето на Русија да се придржува до договорот покажала некакво „интензивирање на нивните напади врз цивилните објекти, насоченост кон критички важната инфраструктура, вклучувајќи болници, и обиди да се спречи испораката на хуманитарната помош на цивилите кои имаат потреба од тоа, вклучително и со нападот на 19 септември врз конвојот со хуманитарна помош.

Стејт департментот истакна дека САД го повлекуваат персоналот кој требаше да учествува во заедничкиот центар за обезбедување на примирјето. Сепак САД ќе продолжат да ги користат воените контакти со Русија, за да избегнат конфликти во воздух и не се откажуваат од мултилатералната форма на соработка.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња