Путин раскажа во што лежи силата на Русија

Во текот на првата седница на седмиот парламентарен состав на Државната Дума, претседателот на Русија Владимир Путин раскажа во што, според неговото мислење, се состои силата на Русија.

Во текот на првата седница на седмиот парламентарен состав на Државната Дума, претседателот на Русија Владимир Путин раскажа во што, според неговото мислење, се состои силата на Русија, соопштува РИА „Новости“.

„Секоја земја има право да биде силна... Силата на Русија е во самите нас, таа е во нашиот народ, во нашите луѓе, во нашите традиции и во нашата култура, во нашата економија, во нашата огромна територија и природните богатства, во одбранбената способност, се разбира. Но најважно, нашата сила е во единството на нашиот народ“, изјави Путин.

Рускиот претседател потенцираше дека тоа е клучниот услов за зачувување на државноста и независноста на земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња