Операцијата на руската авијација во Сирија ги покажа реалните и ефикасни намери на Москва да се бори против тероризмот, изјави извор во МНР Сирија за сириската национална агенција САНА.
„Операцијата на руската авијација заедно со сириското воздухопловство постигна ефикасни резултати во борбата со „Исламската држава“, „Џебхат ан-Нусра“ и другите екстремистички групи. Русија ги докажа своите искрени и пријателски намери во борбата против тероризмот“, истакна изворот од МНР Сирија, пренесува РИА „Новости”.
По повод годишнината од воената операција на руската авијација во Сирија, МНР Сирија соопшти дека помошта на Русија придонесе за слабеењето на терористите во Сирија и спречување на кражбите на нафта од страна на екстремистите.
МНР Сирија изрази благодарност до Русија за нејзината поддршка не само на теренот, туку и на политичката сцена. „Стратешките односи меѓу пријателските земји се покажуваат не само на воен план, туку и на политичката сцена. Оваа соработка е насочена кон изнаоѓање политичко решение на сириската криза“, истакнаа од МНР Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче