Директна агресија на САД спрема Дамаск и сириската војска би довела до „страшни тектонски потреси“ на Блискиот Исток, смета портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
„Мојата задача е да ви објаснам зошто е толку важно да останеме во рамките на договорот. Ако почне директна агресија на САД спрема Дамаск и сириската војска, тоа ќе доведе до страшни, тектонски потреси не само на територијата на таа земја, туку ќе и во целиот регион“, изјави Захарова во емисијата „Право на знаење!“ која ќе се прикаже на телевизијата „ТВ Центар” во сабота навечер, пренесува РИА „Новости”.
Според нејзината прогноза, „промената на режимот нема да доведе едноставно до вакуум во власта, до политички вакуум, туку вакуумот веднаш ќе го пополни „умерената опозиција“ која воопшто не е умерена, туку се работи за терористи од секаков вид, со кои нема да може да се направи ништо“. „Освен тоа, сето тоа ќе ескалира според ирачкото сценарио. Ние знаеме дека ирачката војска стана основа за ИД и дека сето тоа против кое сега се борат и Русија и коалицијата потекнува оттаму“, потсети Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче