Захарова ja исмеа изјава на Џонсон за „најмоќното оружје против Русија“

Марија Захарова со иронија ја коментираше изјавата на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон кој изјави дека „најмоќното оружје на Западот против Русија е срамот”.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова иронично ја коментираше изјавата на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон кој изјави дека „најмоќното оружје на Западот против Русија е срамот“.

„Немилосрдниот Борис Џонсон. Од рано утро нѐ растура. Замислувам ваква сцена меѓу Лавров и Шојгу:

Шојгу: Сергеју Викторович, несреќа нѐ снајде. Британците имааат ново оружје против нас – срамот. Сколково сѐ уште нема измислено ништо слично.

Лавров:  Сергеј Кужугетович, обидете се на војниците да им дадете коктел од формотерол, триамцинолон, преднизол и преднизолон. Ова комплексно средство помага против срам и ја зголемува мускулната маса. Испробано е врз американските тенисерки“, напиша Захарова на својот „Фејсбук“ профил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња