Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова одговори на заканите дадени од страна на портпаролот на американскиот Стејт департментот дека можно е екстремистите да почнат да ги напаѓаат руските градови доколку продолжи војната во Сирија.
„Две-три конкретни прашања до американските колеги пред да следи официјална реакција од Смоленка (седиштето на МНР РФ – заб. на ред.):
1. Тоа (терористички напади, екстремизам) ќе го прават „умерените“? Истите они кои половина година Вашингтон не може да ги одвои од Нусра (терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ – заб. на ред.)
2. Терористичките напади во Франција, САД и други земји, обезглавувањето во Сирија од страна на ИДИЛ на луѓе од сите националности – тоа е некаква парадигма? Или веројатно, „паралелна реалност“?
3. „Зар не Ви се чини дека таквиот вентрилоквизам за „трупови во мртовечки вреќи“, „терористички напади во руските градови“ и „загуби на авиони“ повеќе не наликува на командата на пес „држи го“ отколку на коментар на еден дипломат?“, напиша портпаролот на руското МНР на својот „Фејсбук“ профил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче