Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби зборуваше за евентуалните последици од продолжувањето на насилството во Сирија.
„Последиците се такви, што граѓанската војна во Сирија ќе продолжи, екстремистите, екстремистичките групи ќе продолжат да го користат вакуумот (на власта) што постои во Сирија за проширување на своите операции кои ќе вклучуваат – несомнено – напади врз руските интереси, можно е, дури и врз руските градови. И Русија ќе продолжи да испраќа дома војници во мртовечки вреќи и тие (Русите) ќе продолжат да губат ресурси, можно е, дури и авиони“, изјави Кирби, пренесува РИА „Новости“.
Под „насилство“ САД традиционално ги подразбираат дејствијата на поддржаната од Русија сириска армија против терористите и милитантите. Стејт департментот редовно ги обвинува Дамаск и Москва за напади врз цивилни објекти и умерената опозиција, меѓутоа не наведува никакви докази за тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче