Захарова: Москва е против политизација на референдумот во Република Српска

Москва се противи на вештачката политизација на ситуацијата со спроведениот референдум во Република Српска за одбележување на Денот на Република Српска. Ова го изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Ние сме против вештачка политизација на наведеното прашање.  Ние го гледаме организираното на 25 септември изразување на волјата во Република Српска (Босна и Херцеговина) во контекст на реализацијата на предвидените со Генералниот рамковен договор за мир во БиХ (Дејтонскиот договор) од 1995 година широки овластувања на двата ентитета во земјата, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на прогласување и дефинирање на датуми за празнување. Позитивно го истакнуваме одржувањето на плебисцитот без инциденти, при релативно висок – повеќе од 55% - степен на учество на граѓаните на РС кои имаат право на глас“, се вели во изјавата на Захарова, објавена на сајтот на руското МНР.

Според неа, овој чекор не е на било каков начин насочен кон поткопување на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и нејзината воспоставена со Дејтонскиот договор децентрализирана уставна архитектура. Русија како гарант на мировниот договор за Босна и Херцеговина постојано ги поддржува неговите наведени клучни принципи, пренесува РТ на руски.

„Оттука ја сметаме за категорично недозволена опцијата за примена од  страна на високиот претставник во БиХ на вонредните „Бонски овластувања“ во однос на процедурата за регистрирање на резултатите од референдумот во РС“, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња