Кремљ одговори на изјавите на САД за санкции против Русија поради Сирија

Споменувањето санкции против Русија од страна на Вашингтон во контекст на ситуацијата во Сирија предизвикува длабоко недоразбирање, имајќи го предвид договорот на САД со Москва, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Опсесијата со политиката на санкции никому не му донела ништо добро. Споменувањето на санкции во контекст на сириските работи предизвикува длабоко недоразбирање, особено кај оние кои ја знаат реалната состојба на работите во Сирија, поврзана со реализацијата на обврските наведени во руско-американскиот договор“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.

Претходно на прашањето дали Белата куќа планира да го зајакне санкцискиот притисок, Ернест рече дека таквите идеи кои ги разгледува Конгресот на САД предизвикуваат „аларм“ во администрацијата, затоа што предвидуваат „употреба на санкции во суштина унилатерално“.

Од своја страна, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека Велика Британија планира да го разгледа прашањето за дополнителни санкции против Русија поради ситуацијата во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња