„Сегашната ситуација е кошмарна, но како што видовме за време на викендот, станува уште полоша“, изјави високиот американски функционер. Одговорноста за таквиот развој на настаните тој вообичаено ја префрли на Русија и на сириската влада предводена од претседателот Башар Асад, пренесува „Взгљад“.
На прашањето за тоа дали Белата куќа планира да го зајакне санкцискиот притисок, Ернест рече дека таквите идеи кои ги разгледува Конгресот на САД предизвикуваат „аларм“ во администрацијата, затоа што предвидуваат „употреба на санкции во суштина унилатерално“.
САД, според него, обично преферираат да дејствуваат во таа насока „во тесна координација со сојузниците и партнерите“ за да се постигне „ефект на засилување“ на договорените дејствија. „Политичките решенија“ за нов притисок врз Дамаск „и оние кои го поддржуваат“, ќе бидат објавени “кога и ако бидат преземени“, изјави портпаролот на Белата куќа.
Тој рече дека САД очекуваат од Русија „транзиција кон нова стратегија“ во Сирија. На прашањето дали „Русија веќе падна на тој испит“, Ернест одговори. „Според ситуацијата во овој момент – да, падна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче