Нуклеарниот арсенал на Русија е понов од американскиот, потенцијалите на САД се застарени, изјави републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп во текот на телевизискиот дуел со кандидатката од Демократската партија.
„Русија ги проширува своите потенцијали. Нивните арсенали се многу понови од нашите, ние нашите не ги обновуваме“, изјави тој.
„Кога станува збор за загриженоста во нуклеарната сфера, се согласувам“, рече Трамп, „тоа е единствената сериозна закана за нашата земја“. Притоа тој истакна дека е против тоа под „нуклеарниот чадор“ на САД да се наоѓаат земји кои на Америка не ѝ нудат ништо за возврат.
„Ние ја штитиме Јапонија, ја штитиме Германија, ја штитиме Јужна Кореја. Ние пружаме огромни услуги, но трпиме грандиозни загуби“, рече Трамп.
„Тие ќе мораат или самите да се штитат, или да ни дадат нешто за возврат“, изјави Трамп, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче