Русија го објави текстот на договорот со САД за Сирија

Министерството за надворешни работи на Русија го објави договорот што го постигна со САД за Сирија.

Министерството за надворешни работи на Русија на својот сајт го објави текстот на договорот за Сирија кој беше постигнат со САД и го повика Вашингтон да го презентира на јавноста целиот пакет на билатералниот договор.

Од рускиот дипломатски ресор потенцираа дека Русија секогаш предлагала „да се направи секој документ достапен за јавноста откако ќе биде договорен“, меѓутоа американската страна постојано се спротивставувала на тоа.

„Особено обрнуваше внимание несакањето јавно да се потврди од нив преземената обврска да се одделат разумните опозиционери од „Џебхат ан-Нусра“ која претставува единица на „Ал Каеда“ и заедно со Русија да се нанесуваат удари врз терористите и сите нивни помагачи кои не го прекинуваа огнот“, се вели во соопштението.

МНР Русија изрази надеж дека САД сепак ќе ги исполнат своите обврски за одвојување на умерената опозиција и терористите.

Се истакнува дека многу милитанти, кои Вашингтон ги нарекува „умерени“, „војуваат заедно со „Џебхат ан-Нусра“ и дури и практично се споија со неа“.

„Уште еднаш повторуваме дека флертот со терористите и попуштањето пред нив никогаш не носело ништо добро“, потенцира рускиот дипломатски ресор, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња