Захарова ѝ одговори на Пауер

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова истапи со критика по повод изјавата на постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауер која ги нарече дејствијата на Москва во Сирија „варварски“.

„Ако гледаме во историски контекст, во варвари спаѓале и келтските и словенските племиња. Затоа Саманта Пауер нема право без да се смета една од нив. Ако зборуваме за историски паралели, тогаш Саманта Пауер вторпат не во право, затоа што варварин е оној кој не ѝ припаѓа на империја, а таа денеска е само една, и тоа не е Русија“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

„Од гледна точка на фигуративноста, Саманта Пауер не е во право третпат, затоа нема ништо повеќе варварско од Ирак и Либија во исполнение  на Вашингтон како што светот во најновата историја не видел“, додава таа.

„Но Вие, Саманта, не запирате: колку повеќе зборувате за тоа, толку помалку работа има „кремљовската пропаганда“, напиша портпаролот на МНР Русија.

„А сега сериозно. Причините за оваа „Саманта Барбара“ , во која Американците го претвораат Советот за безбедност, се две. Првата. Вашингтон не може да ги исполни преземените обврски за одвојување на терористите и „умерените“. Втората. На Вашингтон му треба да го одвлече вниманието од истрагата на своите напади врз Деир-ез-Зор“, објаснува Захарова.

На тој начин Захарова ја коментираше изјавата на Пауерс, која ги спореди дејствијата на Русија во Сирија со варварство, пренесува „Взгљад“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња