Пауерс ги нарече ударите на Русија врз терористите во Сирија „варварство“. По ова ИДИЛ слободно може да ѝ го предложи местото на свој портпарол!“, напиша Пушков на својот профил на „Твитер“.
Претходно во текот на вонредната седница на СБ ООН за Сирија, специјалниот претставник на САД во ОН Саманта Пауерс изјави дека руската војска во Сирија поддржува смртоносен режим кој извршува варварски акции.
„Она што Русија го поддржува и прави не е борба против тероризмот, туку варварство“, изјави Пауерс. Според неа, Вашингтон и сојузниците се заинтересирани за ослободување на Сирија од терористите. „Тие им се закануваат на сите наши граѓани, затоа САД и се наоѓаат на чело на коалицијата од 67 земји“, рече Пауерс, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче