Лавров: Изгледа дека американската војска не го слуша Обама

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека, судејќи според сѐ, американската војска не го слуша својот врховен командант, претседателот Барак Обама.

„Врховниот командант на САД Барак Обама ја поддржуваше, како што ме убедуваа, заемната соработка со Русија (во Сирија), тој самиот го потврди тоа во текот на средбата со претседателот Путин во Кина. Се чини дека војската не го слуша најдобро својот врховен командант“, изјави Лавров за телевизијата НТВ, пренесува РИА „Новости“.

Министерот додаде дека по нападот на хуманитарниот конвој во Сирија на 19 ноември Русија барала истрага, „а мојот добар пријател Џон Кери – и тоа не личи на него – изјави дека истрагата може да се спроведе, но „ние знаеме кој го стори тоа – сириската армија или Русија, во секој случај, виновна е Русија“.

„Се чини дека се најде во небрано и дека воената машина на САД многу остро го критикува“, рече Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња