„Не се случи одвојување на умерената опозиција и „Џебхат ан-Нусра“. Уште повеќе, гледаме не разединување, туку спојување на одредите на умерената опозиција и „Џебхат ан-Нусра“ и нивна подготовка за заеднички офанзивни дејствија“, изјави Рудској, пренесува „Взгљад“.
Рудској исто така изјави дека американската страна сѐ уште не може да ѝ даде на руската војска точни податоци за местоположбата на силите на опозицијата кои се под нивна контрола. Притоа, според него, материјалите кои САД ѝ ги предадоа на Русија не соодветствуваат на билатералниот договор, затоа што содржат само општа листа на терористичките формации кои се согласиле да го почитуваат режимот на прекин на борбените дејствија.
„На листата не се наведени координатите на реоните каде тие дејствуваат, нема бројност, како ни податоци за контакт на лидерите на формациите“, објасни Рудској.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче