„Во текот на шесте дена од важењето на режимот на прекин на огнот, само сириските владини сили реално го почитуваат мораториумот на водењето борбени дејствија“, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад“.
„По истекувањето на една недела по стапувањето на сила на договорот за прекин на борбените дејствија, очигледно е целосното отсуство на не само какво било влијание, туку и контакти од американска страна со „умерените опозиционери“ кои се наоѓаат „на терен“ во Сирија, а не во западните главни градови“, рече Конашенков.
„Згора на тоа, место ветеното од страна на Американците „размеѓување“ на терористите и „опозицијата“, милитантите го користат режимот на прекин на огнот за залечување на раните, повраќање на силите и подготовка за обнова на борбените дејствија“, додаде Конашенков.
„Сите наши обраќања до американската страна да ни даде контакти од „умерените опозиционери“ или да влијае на нив, не водат кон ништо. Напротив, бројот на гранатирања на позициите на сириските сили и населените места од страна на милитантите се зголемува“, изјави Конашенков.
Според него, особено е тензична ситуацијата во градот Алепо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче