Руската авијација спречи офанзива на терористите на Палмира

Вчера Воздушно-космичките сили на Русија извршија напади во реонот северно од Палмира, каде терористите на ИД ги групираа своите сили со намера да извршат офанзива на овој град, изјави претставник на Генералштабот на Вооружените сили на Русија.

Воздушно-космичките сили на Русија спречија терористичка офанзива на Палмира, соопшти првиот заменик-началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија генерал-потполковник Виктор Познихир.  

„Борбата против ИД продолжува. Вчера Водушно-космичките сили на Русија извршија напади во реонот северно од Палмира, каде своите сили ги групираа терористите на ИД со намера да извршат офанзива на овој град“, изјави Познихир на брифингот за новинари во Националниот центар за управување со одбраната на Русија. Тој додаде дека терористите претрпеле големи загуби: уништени се до 15 пикап-возила со митралези со голем калибар и со противавионски системи и 250 терористаи, пренесува РИА „Новости”.

Познихир истакна дека на вториот ден од режимот на прекин на огнот во Сирија бројот на кршења на примирјето од страна на терористите достига 60 инциденти, при што владините сили не одговориле на провокациите.

„Исто така истакнуваме дека некои вооружени одреди под контрола на САД, како што се „Ахрар ел Шам“, директно соопштија дека нема да го почитуваат прекинот на огнот. Најголем број на кршења е поврзан токму со овие одреди“, истакна генералот.

Тој укажа на тоа дека руската страна во целост ги почитува обврските од руско-американскиот договор постигнат во Женева. Меѓутоа, способноста на Вашингтон да го исполни својот дел од обврските и да ги раздвои единиците на умерената опозиција од терористите на „Џебхат ан-Нусра” може да се доведе под сомнение.   

„Напротив, постои тенденција на здружување на терористичките одреди, за што сведочи зголемениот број на напади“, рече генералот.

Според него, Русија е свесна за значењето на безусловната реализација на договорот и се залага за продолжување на режимот на прекин на огнот за уште 48 часа.

Режимот на прекин на борбените дејствија, договорен од Русија и САД, стапи на сила на целата територија на Сирија на 12 септември во 19 часот. Примирјето би требало да трае 48 часа, потоа уште 5 дена.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња