Дамаск го одобри договорот на Русија и САД за примирје во Сирија

Владата на Сирија го одобрува постигнатиот договор за примирје.

Сириската влада го одобри договорот меѓу Русија и САД за прекин на огнот во Сириската арапска република, постигнат по преговорите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери во Женева, пренесува „Ројтерс“.

„Сириската влада го одобри договорот и во Алепо стапи на сила режимот на прекин на огнот поради хуманитарни причини“, изјави извор близок до сириските власти.

Договорот предвидува прекин на огнот од 12 септември. Се претпоставува дека примирје ќе биде прогласувано за 48 часа, а потоа ќе се продолжува за истиот временски рок. По седумдневно примирје САД и Русија ќе почнат со диференцијација на опозицијата и терористите и планирање на заедничка борба против терористите, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња