САД ги проширија санкциите против Русија

Министерството за трговија на САД го прошири списокот со санкции, вклучувајќи уште 11 руски компании.

На списокот се наоѓаат вкупно 81 организација – покрај руски, има и корпорации од Индија и Хонгконг, пренесува РИА „Новости“.

Минатата недела својот список со санкции го прошири и Министерството за финансии на САД. На новиот список се најдоа 20 организации и 17 физички лица – компании-ќерки на „Гаспром“ и Банката на Москва, како и организации кои работат на Крим.

Новиот список практично во целост го повторува документот на Министерството за финансии кој беше објавен на 1 септември.

Бирото за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД појасни дека санкциите се однесуваат на извозот на материјали и технологии кои ги произведуваат руските компании.

Проширувањето на списокот Вашингтон го објасни како намера „да се гарантира ефективноста на постојните санкции против Русија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња