Американската војска ги предупредила руските колеги дека испратила авиони-ловци за заштита на специјалните сили во реонот на градот Хасеке. Според тврдењето на Американците, авијацијата на Сирија извршила напад врз терен на кој се наоѓаат американски сили. САД решиле да ги заштитат своите војници од воздух, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на САД Џеф Дејвис, пренесува ТАСС.
„Веднаш се поврзавме со Русите преку каналот за врска отворен со цел спречување на конфликти во воздух за да ја осигураме безбедноста на коалициските сили“, изјави Дејвис.
САД ја замолиле Москва да им пренесе на сириските власти дека во случај на потреба авијацијата на коалицијата ќе ги заштити американските копнени сили.
Инцидентот се случил на 18 август. САД го зајакнале патролирањето во реонот на Хасеке.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче