Путин, Рохани и Алиев со декларација по самитот во Баку

Претседателите на Русија, Иран и Азербејџан усвоија декларација по завршувањето на трилатералната средба во Баку.

Во документот се истакнува решеноста на страните „да му се спротивстават на тероризмот, екстремизмот, транснационалниот организиран криминал, недозволената трговија со оружје, наркотици и нивни прекурсори, трговијата со луѓе и криминалите во сферата на информатичко-комуникациските технологии“.

Покрај тоа, страните признаваат дека „нерешените конфликти во регионот претставуваат суштинска пречка за регионалната соработка“ и ја потенцираат важноста од нивно решавање „врз основа на принципите и нормите на меѓународното право“.

„Страните ќе го продолжат сестраниот развојна рамноправна и заемно корисна соработка, а исто така и ќе го продлабочуваат и прошируваат политичкиот дијалог на различни нивоа за целиот спектар прашања кои претставуваат заемен интерес“, се вели во текстот на декларацијата.

Лидерите исто така се договорија да ја продлабочат соработката во различни гранки на економијата „врз основа на принципите на рамноправност и заемна полза“.

Претходно амбасадорот на Иран во Азербејџан Мохсун Пак Аин соопшти дека средбите во таков формат можат да станат редовни.

Ова е прва трилатерална средба на ниво на лидери, но Москва ја смета „потребата од таков формат потполно очигледна“. Како што изјави помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков, трите земји „се судираат со слични проблеми“ во сферата на економијата, безбедноста и спротивставувањето на тероризмот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани веќе предложи следната средба во трилатерален формат да се одржи во Иран.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња