Медиум: Русија ќе биде исфрлена од Параолимписките игри

Британски „Гардијан“ пишува дека параолимписката репрезентација на Русија ќе биде исклучена од Параолимписките игри во Рио де Жанеиро.

Меѓународниот параолимписки комитет (МПК) донесе одлука за целосно исклучување на репрезентацијата на Русија од учество во Параолимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро, соопшти британскиот весник „Гардијан“ повикувајќи се на сопствени извори.

Според информациите на изданието, основа за отстранување на руските спортисти е извештајот на Ричард Мекларен во кој се зборуваше за систематско прекршување на правилата за допинг во Русија. „Гардијан“ пишува дека МПК ќе ја објави дисквалификацијата на Русите на 7 август.

Претходно, како што соопштува „Р-Спорт“, претставникот на Меѓународниот олимписки комитет Марк Адамс изјави дека еден национален параолимписки комитет веќе истапил против учеството на руските спортисти на Параолимписките игри во Бразил.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња