Во Русија проработи првиот систем за контрола на вселенскиот простор

Новиот систем е пуштен во работа по повод 55 години од летот на вториот космонаут на планетата Герман Титов.

Првиот од четирите планирани системи за контрола на вселенскиот простор почна со работа во Алтајскиот крај во оптичко-ласерскиот центар „Титов". Ова го изјави генералниот генералниот директор на научно-производствената корпорација „Системи за производство на прецизни прибори“ Јуриј Рој, пренесува „Взгљад“ во саботата, 6 август.

„Останатите три системи ќе бидат распоредени во Калининград, на Далечниот Исток и на Крим. Системот на Алтај е управуван заеднички од воен и цивилен персонал. Создаден е да открива вселенски апарати, наносателити, вселенски отпад – сѐ што може да ги загрози вселенските летала и, особено, Меѓународната вселенска станица“, објасни Рој.

Новиот систем е пуштен во работа по повод 55 години од летот на вториот космонаут на планетата Герман Титов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња