Обама: Кибер-нападот нема да влијае на односите со Русија

Кој и да ги изврши кибер-нападите врз Демократската партија на САД, тие нема да ги спречат САД и Русија да бараат решенија за Украина и Сирија, изјави претседателот на САД Барак Обама на прес-конференцијата по разговорите со премиерот на Сингапур во Белата куќа.

Обама потсети дека ФБИ продолжува да ја води истрагата за кибер-нападите и дека „не треба да избрзува“ со наведената истрага, пренесува „Взгљад“.

Но доколку сомневањата во врска со Русија се потврдат, „тоа ќе биде само едно од многуте прашања“ за кои дискутираат лидерите на САД и Русија и за кои „постојат несогласувања“, изјави Обама.

„Со Русија веќе имаме многу несогласувања за најразлични прашања. Но, мислам, ќе успееме да се погрижиме да се фокусираме на полињата каде имаме заеднички интереси“, додаде тој.

Како пример Обама ја наведе реализацијата на „Минската спогодба“ за Украина и напредокот кон мирно решение во Сирија.

Американскиот претседател исто така изјави дека САД се подготвени да воведат санкции против земјите кои вршат хакерски напади против нив. „Имаме можности, ако видиме докази“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња