ФСБ соопшти за масовен кибер-напад врз руски организации

Биле заразени компјутери на органи на државната власт, научни и воени институции, претпријатија од одбранбено-индустрискиот комплекс и други објекти од инфраструктурата што е витално важна за земјата.

Федералната служба за безбедност на Русија откри навлегување на малициозни шпионски програми во компјутерските мрежи на околу 20 руски организации, соопшти центарот за односи со јавноста на ФСБ, пренесува РИА „Новости“.

Биле заразени компјутери на органи на државната власт, научни и воени институции, претпријатија од одбранбено-индустрискиот комплекс и други објекти од инфраструктурата што е витално важна за земјата.

ФСБ го истакнува намерниот карактер на ширењето на вирусот, што укажува на професионално испланирана операција. Според оценката на стручњаците, според стилот на програмирање и методите на заразување софтверот е сличен на оној што беше искористен во операциите за кибер-шпионажа како во Русија, така и ширум светот.

Како што се потенцира во соопштението, ФСБ заедно со министерствата и ресорите спровела пакет-мерки за откривање на сите „жртви“ на малициозната програма во Русија, како и за локализација на заканите и минимизирање на последиците нанесени со нејзиното ширење.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња