Независната комисија на Светската антидопинг агенција (WADA) под раководство на Ричард Мекларен во извештајот за допинг во Русија претстави неточна информација. Ова во емисија за телевизискиот канал „Росија 24“ го изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) Александар Жуков.
Станува збор за списокот кој е во прилог на извештајот. Овој список не е отворен за јавноста, што не е сосема јасно и што предизвика недоразбирање кај првиот човек на Серуската пливачка федерација Владимир Саљников, кој денес изјави дека ваквата информација мора да биде обелоденета.
Како што забележа Жуков, во списокот постојат грешки, особено ова се однесува на стрелците. Во извештајот се зборува за три позитивни допинг-теста, а притоа WADA не соопштува за тие резултати. Треба да се забележи дека претходно на ваквото несоодветство укажа и членот на извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) претседателот на Меѓународната федерација за хокеј Рене Фазел. Тој подвлече дека во извештајот на Мекларен постојат и други грешки, што предизвикува сомнеж во вистинитоста на претставената информација.
Присуството на некој спортист на списокот на Мекларен претставува основа тој да не биде допуштен на Олимписките игри во Рио де Женеиро. Александар Жуков, укажувајќи на овој факт, забележа дека не треба да се отстрануваат спортистите само врз основа на тоа дека тие се наоѓаат на некаков список. Треба да се види и каде е неговиот пропуст, а доколку тој е очигледен, руската страна ќе се обрати до судската инстанција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче