Путин го повлече рускиот амбасадор во Украина

Москва остана без амбасадор во Киев.

Михаил Зурабов е ослободен од должноста амбасадор на Русија во Украина, пренесува gazeta.ru. Ова се случи со указ на рускиот претседател Владимир Путин.

Зурабов стана амбасадор на Русија во Украина во 2009 година. Според извор на РИА Новости тој постојано барал од Путин да ја прифати неговата оставка, особено по државниот удар во Украина во 2014 година.

„Неговото заминување значи дека Москва целосно ќе остане без амбасадор во Киев. Новиот амбасадор нема да може да стапи на должност, бидејќи неговата кандидатура ќе треба да се усогласи со властите во Украина, вклучувајќи го и парламентот, што е невозможно со сегашните радикални антируски украински парламентарци“, тврди изворот.

Според РБК на местото на Зурабов може да биде назначен ополномоштениот претставник во Приволжскиот федерален округ Михаил Бабич. Агенцијата цитира извори блиски до Кремљ.

Во четвртокот во Русија беше обелоденето дека и губернаторите на неколку области исто така ќе бидат сменети како дел од големата реконструкција во власта. Истиот ден Путин издаде декрет за спојувањето на Јужниот федерален округ со Кримскиот федерален округ во еден заеднички Јужен федерален округ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња