Извор: Михаил Џапаридsе / ТАСС
Минатата недела Советот на федерацијата го одобри нацрт-законот со кој се предлага да се дисквалификуваат на една година службениците кои не одговараат на барањата на новинарите. Работата е во тоа што согласно законот службениците треба да одговараат на барањата на новинарите, но доколку не одговорат, не постојат сериозни санкции. Новинарите од руските медиуми често зборуваат за тоа дека истражувањата им се многу отежнати. „Кога работев на радио често пишував во одбранбениот сектор, но не секогаш ми одговараа. Невозможно беше да се натера некој да ти одговори, - раскажува Ана. – Доколку службениците одговараат почесто, работата би била полесна“.
За навистина да се зголеми слободата на медиумите, тие треба да можат да го зборуваат и да го пишуваат она што навистина го мислат. И за тоа да не бидат затворани весници, тие медиуми да не се подвргнуваат на економски санкции, да не бидат менувани главните уредници.
Николај Сваниse
телевизиски водител
Во горниот дом на парламентот решија да помогнат во работата на новинарите.
Дисквалификација за службениците
Со амандманите за Законот за административни прекршоци Советот на федерацијата предлага да се зголеми казната за службениците „кои незаконски одбиле да дадат информација на медиум“ од илјада до 5 илјади рубли (16-80 американски долари). Доколку истиот службеник повторно не даде информација, тој може да биде „дисквалификуван на рок од шест месеци до една година“. Првиот човек на комисијата на Советот на федерацијата за прашања на усовршување на законодавството Виталиј Игнатенко (во периодот од 1991 до 2012 година беше генерален директор на ИТАР-ТАСС) смета дека проектот е многу потребен. „Казната од 3 илјади рубли (48 американски долари) службеникот може да ја плаќа и секој ден доколку има намера да ги игнорира секојдневните прашања, додека дисквалификацијата ќе го натера да обрне внимание на медиумите“, вели тој за весникот Комерсант. Според авторот на документот, ограничувањата на правата на службениците ќе биде функционална мерка. „Одговорните лица ги внесуваат дисквалификациите во регистар. Ова е еден вид принуда за дијалог“, забележува сенаторот.
Главниот уредник на весникот Московски комсомолец Павел Гусев изјави дека амандманот ќе помогне во гарантирањето на слободата на медиумите, која е закрепена во Уставот, а исто така ќе може да ги штити „и прават на новинарите, и правата на граѓаните кои ги добиваат одговорите на своите прашања преку медиумите“.
Премногу прашања
Андреј Козенко, новинар на порталот Медуза, кој се занимава со истражувања не се согласува со раководителите на медиумите. Тој е уверен дека односот помеѓу новинарите и службениците и онака е доволно озаконет. „Државните службеници се обврзани да одговорат на барањата на медиумите, оние што се обидуваат да дејствуваат според формални признаци и да го одолговлекуваат процесот, одговарајќи на дневен весник во рок од десет дена си е самиот себеси непријател. – објаснува тој за „Руска реч на македонски“. – Одбивањето за коментар најчесто му кажува на читателот дури и повеќе од самиот коментар“. Новинарот смета дека заемниот притисок постојано расте – државата притиска врз редакциската политика на медиумите, но во услови на криза новинарите почнуваат да вршат притисок врз службениците.
Со него се согласува и историчарот и телевизиски водител Николај Сваниѕе. Тој смета дека ваквиот документ не може да се реализира и може да доведе до неумереност во однос на службениците. „Ние сега имаме многу медиуми, ќе мора да се одговара на прашањата на секој весник или на секој сајт, меѓу кои и на малите и на сите блогери кои се обврзани да се регистрираат како медиум, - објаснува тој за „Руска реч на македонски“. – Или медиумите ќе треба да се разделат на вистински на кои мора да им се одговара и на невистински, на кои не мора да им се одговара?“. Сваниѕе е уверен дека доколку нацрт-законот биде прифатен во министерствата можат да се појават луѓе кои на новинарите ќе мора да им пишуваат културни писма за без врска.
Експертот смета дека овој закон не е поврзан со слободата на говорот, медиумите се само индикатор на слободата во општеството и со еден закон тоа не може да се регулира. „За навистина да се зголеми слободата на медиумите, тие треба да можат да го зборуваат и да го пишуваат она што навистина го мислат. И за тоа да не бидат затворани весници, тие медиуми да не се подвргнуваат на економски санкции, да не бидат менувани главните уредници“, забележува Сваниѕе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче