Русија и Турција нема да ги обноват чартер летовите годинава

Побарувачката за одмор во Турција кај населението на Русија се намалила годинава, особено по обидот за воен удар во оваа земја, изјави извршниот директор на Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР) Маја Ломидзе.

Русија и Турција нема да го обноват чартер превозот годинава, соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на извршниот директор на Асоцијацијата на туроператори  на Русија (АТОР) Маја Ломидзе.

Изданието пишува дека Ломидзе го изјавила ова на средбата со турската делегација која се одржала на 14 јули. Во текот на преговорите биле дискутирани прашања поврзани со безбедноста на туристите во одморалиштата. Страните се договориле Турција да достави список со места кои можат да бидат опасни за руските туристи.

„Барањата на руската страна и реакцијата на нив од страна на Турција работната група ќе ги сведе на еден документ, ќе ги разгледа и ќе ги имплементира“, ја цитира изданието Маја Ломидзе.

Таа исто така додаде дека побарувачката за одмор во Турција кај населението на Русија се намалила. Ова е поврзано со неодамнешниот обид за воен удар во земјата.

Без оглед на тоа, според Ломидзе, Русите кои веќе уплатиле за одмор во Турција, не се откажуваат од патување во оваа земја.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња