„Внимателно ја следиме ситуацијата во Турција. Од турска страна ни беа дадени сите уверувања за безбедноста на руските граѓани кои се наоѓаат во моментов во таа земја. Од тоа поаѓаме“, ги цитира зборовите на Мешков нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Рускиот дипломат исто така додаде дека се наоѓа во постојан контакт со турскиот колега Али Кемал Ајдин во врска со неопходноста од заштита на руските граѓани и нивно враќање во татковината.
„Се наоѓаме во постојан контакт. Веќе по завршувањето на нашите консултации одржавме неколку телефонски разговори поврзани со ситуацијата во Турција, на пример, на темата која веќе ја спомнав – заштита на интересите на руските граѓани, вклучително и од гледна точка на враќањето во татковината. Наидовме на целосно разбирање кај турската страна и беа преземени соодветни чекори што овозможи да се обнови враќањето на нашите граѓани во татковината“.
Според зборовите на Мешков, процесот на враќање на Русите се одвива по редовен пат. „Пред сѐ, за оние кои не можеа да полетаат со своите летови кои беа одложени, како и за оние на кои им завршува рокот за престој и за оние кои изразуваат желба да се вратат. Дел од нашите граѓани се сместени во хотелите во Истанбул, Анталија и други одморалишта“, изјави рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче