Русија изрази подготвеност да соработува со легалните власти на Турција

Министерството за надворешни работи на Русија предупреди дека ситуацијата во Турција претставува опасност за меѓународната и регионалната стабилност.

Министерството за надворешни работи на Русија објави официјално соопштение за настаните во Турција, каде дојде до обид за воен удар, и изрази подготвеност да ја продолжи соработката со законски избраното раководство на земјата.

„Москва е многу загрижена поради неодамнешните случувања во Република Турција. Заострувањето на политичката ситуација во контекст на постојната терористичка закана во таа земја и вооружениот конфликт во регионот носат зголемена опасност за меѓународната и регионалната стабилност. Ги повикуваме властите и народот на Турција да ги решаваат проблемите без насилство, почитувајќи го уставниот поредок“, се наведува во соопштението на сајтот на МНР РФ.

„Ја потврдуваме подготвеноста за конструктивна соработка со легално избраното раководство на Турската Република во интерес на развојот на билатералните односи за доброто на нашите земји. Исто така повикуваме на изнаоѓање ефикасни патишта за решавање на актуелните меѓународни прашања, пред сѐ на оние кои се поврзани со борбата против тероризмот“, се наведува во соопштението што го пренесува „Взгљад”.

Министерството за надворешни работи исто така соопшти дека Русија вложува интензивни напори за безбедноста на руските државјани во Турција.

„Помеѓу другото, Генералниот конзулат на Руската Федерација основаше кризен штаб. На аеродромот во Истанбул се наоѓа службеник на Генералниот конзулат. Подготвени сме да им ја пружиме на граѓаните сета потребна соработка“, додаде претставник на МНР Русија.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња