Медведев го коментираше обидот за воен удар во Турција

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев и претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за надворешни работи Константин Косачов ги коментираа настаните во Турција.

Настаните во Турција зборуваат за силни противречности во општеството и армијата на земјата, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев, пишува „Газета.ру“.

Според зборовите на рускиот премиер, настаните кои се случија во Турција, допрва треба да се анализираат.

„Совршено е очигледно дека во овој момент таму се случуваат воени судири. Но, се разбира, потребно е на територијата на нашата соседна држава да биде воспоставен уставниот поредок за да се почитуваат сите права и слободи предвидени со нивното законодавство“, изјави Медведев.

Премиерот на РФ изјави дека властите треба да преземат напори за заштита на интересите на Русите и руските компании. Според него, соодветни упатства биле дадени до Министерството за транспорт на РФ и другите институции.

Со свој коментар за настаните во Турција се јави и шефот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов, пренесува ТАСС.

„Тоа беше борба за власт, каков што е и секој обид за преврат“; напиша сенаторот на својата Фејсбук страница.

Обидот за воен удар е последица на кризата во односите меѓу сегашните власти во Турција и воената елита (или значителен дел од неа) и која постои сите години од владеењето на Ердоган поради застранувањето на турскиот претседател од патот зацртан од таткото на турската нација, Мустафа Кемал Ататурк.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња