Истанбулскиот терорист бил поддржуван од украинските националисти

Осомничениот за терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул Ахмет Чатаев од Чеченија 13 години слободно се движел низ Европа и во земјите од ЗНД.

Осомничениот за терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул Ахмет Чатаев од Чеченија 13 години слободно се движел низ Европа и во земјите од ЗНД. Ова вчера за РИА Новости го соопшти извор од воените структури на Русија. Според податоците на Life, пак, тој бил поддржуван од украинските националисти.

„Всушност, Ахмет Чатаев 13 години без проблем се движел низ Европа и низ земјите од ЗНД, меѓу другото и со оружје, со целосна попустливост на властите од низа земји, кои претпочитале да ги затвораат очите на неговата незаконска и опасна дејност, само за да ѝ наштети на Русија“, изјавува изворот.

Според информации од агенцијата, во јануари 2016 година Националниот антитерористички комитет предупредувал дека Ахмет Чатаев е командир на специјалниот оддел на ИДИЛ (организација забранета во Русија) за подготовка на терористички напади во Русија и во Европа.

Освен тоа, според соговорникот на РИА Новости, Чатаев во повеќе наврати бил апсен. Така во 2010 година бил уапсен во Украина. Русија не можела да обезбеди негова екстрадиција, со оглед на тоа што се вмешале првиот човек на Службата за безбедност на Украина Валентин Наливајченко и Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека во татковината Чатаев го очекува неправедно судење.

Според Life, терористот бил под заштита и на украинските националисти. Сеукраинската организација „Тризуб – Степан Бандера“ барала од Генералното обвинителство на Украина веднаш да биде ослободен „чеченскиот бегалец“ Чатаев. На тој начин тој и бил пуштен на слобода.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња