Пентагон: Постои определен ризик од судир со ВКС Русија во Сирија

За американската војска постои определен ризик од судир со руските Воздушно-космички сили во Сирија. Со цел да се избегне тоа страните потпишаа меморандум, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

„Се обидуваме да го минимизираме тој ризик“, додаде Кук.

Според неговите зборови, одговорите на Москва по прашањето за ударите наводно нанесени од страна на ВКС Русија врз сириската опозиција малку го задоволиле шефот на Пентагон Ештон Картер, пренесува „Взгљад“.

„Продолжуваме со дискусиите со Русите за зацврстување на меморандумот за разбирање, се обидуваме да ги спречиме таквите ситуации и прекините во комуникацијата (со Русија), да ги подобриме тие канали за врска, да не дозволиме такви нешта во иднина“, изјави портпаролот.

Минатата недела САД ги обвинија ВКС Русија за напад врз сириската опозиција и побараа објаснување од Москва, по што се одржа видеоконференција меѓу Пентагон и Министерството за одбрана на Русија.

Притоа Министерството за одбрана ги негираше обвинувањата, а портпаролот на министерството генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека ВКС во Сирија нанесувале удари надвор од границите на регионите во кои дејствува сириската опозиција која се придклучи на прекинот на огнот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња