ИААФ ја суспендира Руската асоцијација на атлетски федерации

Министерството за спорт на Русија ја оцени одлуката на Советот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) како забрана за учество на руските атлетичари на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Советот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) едногласно одлучи да ја остави во сила дисквалификацијата на Серуската федерација на атлетика (ВФЛА) поради неисполнувањето на критериумите за обновување на членството, соопштува „Би-Би-Си“.

Дисквалификацијата на ВФЛА значи дека во моментот на руските спортисти не им е дозволено да учествуваат на Олимписките игри во 2016 година. Сепак, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на состанокот на организацијата на 21 јуни има право да им дозволи да учествуваат на Олимпијадата.

Министерството за спорт на Русија во петокот изрази разочарување од одлуката на ИААФ за продолжување на суспензијата на атлетската репрезентација на Русија за учество во меѓународни натпреварувања.

„Резултатите од гласањето на членовите на Советот на ИААФ создаде невидена ситуација: руските спортисти нема да можат да учествуваат во игрите на XXXI Олимпијада во 2016 година во Рио де Жанеиро (Бразил). Сонот на многу наши спортисти е уништен поради несоодветното однесување на поединечни спортисти, тренери и стручњаци“, се вели во соопштението објавено на официјалната веб страница на Министерството за спорт на Русија во петокот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња