Француската полиција соопшти дека ќе ги депортира сите 50 руски навивачи кои се во автобус на Серуската организација на навивачи (ВОБ) на пат за Лил каде ќе се одржи натпреварот од Европското фудбалско првенство помеѓу репрезентациите на Русија и Словачка, соопшти претседателот на ВОБ Александар Шпригин.
„Полицијата сега нѐ извлекува сите од автобусот, најавија депортација. Причините не ни беа објаснети. Во автобусот има 50 луѓе. Тоа е вистинско шоу! Никој од нас не е приведен во нередите во Марсеј, а тие поради некоја причина се настрвија на официјалната делегација на ВОБ“, изјави Шпригин за Р-Спорт.
Претходно во понеделникот француските специјални единици блокираа и претресуваа организирани групи на руски навивачи на приодите кон Лил.
Шпригин претходно соопшти дека француските специјалци го опколиле автобусот со руски навивачи и се заканувале дека ќе употребат сила и ќе ги приведат сите навивачи.
„Две лица се веќе депортирани, уште две жени се приведени, една од нив е моја помошничка, а другата соработничка на Рускиот фудбалски сојуз. Рековме дека нема да излеземе од автобусот, на што полицајците одговорија дека ќе применат сила“, изјави Шпригин.
Адвокатот Тимур Маршани со кого разговараше новинарот на порталот „Лајф“ смета дека руските навивачи се депортираат од Франција незаконски. Тој истакна дека на руските државјани не им е дадено право на одбрана и дека за депортацијата не се известени ни амбасадорот ни конзулот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче