Во Марсеј полицијата изврши проверка во хотелот каде што се сместени членови на Серуската асоцијација на навивачи (ВОБ), напиша на својот профил на Твитер претседателот на организацијата Александар Шпригин, пренесува РБК.
„Попладнево во хотелот каде престојува ВОБ, пристигнаа 40 полицајци со автомати, упаѓаа во собите, попишуваа документи, сите ги фотографираа“, напиша тој.
Во неделата, УЕФА отвори дисциплинска постапка против Рускиот фудбалски сојуз. УЕФА објасни дека причина за тоа е инцидентот на стадионот за време на натпреварот Англија - Русија во Марсеј, особено нередите на трибините, употребата на пиротехника и фрлањето факели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче