УЕФА поведе дисциплинска постапка против Русија

УЕФА поведе дисциплинска постапка против Рускиот фудбалски сојуз.

Како повод за тоа се смета однесувањето на руските навивачи на натпреварот од Европското фудбалско првенство против Англија, соопштува „Асошиејтед Прес“.

Руските навивачи ги обвинуваат за расизам, употреба на пиротехника и учество во нередите на трибините на марсејскиот стадион „Велодром“. Се истакнува дека против Фудбалската асоцијација на Англија не е поведена постапка.

Контролно-дисциплинскиот комитет на УЕФА ќе ја донесе пресудата во вторник, 14 јуни.

Министерот за спорт на Русија Виталик Мутко ја поддржа одлуката на УЕФА за отворање постапка против РФС.

Претходно почесниот претседател на РФС и поранешен потпретседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Вјачеслав Колосков ја отфрли можноста за одземање на бодови на репрезентацијата на Русија поради однесувањето на нејзините навивачи. Според него, на РФС му се заканува голема парична казна, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња