Денот на Русија: празнично, весело, гордо!

12 јуни често се нарекува „Ден на независноста“ по аналогија со други празници во светот, кои навистина стекнале државна независност. Извор: АР.

12 јуни често се нарекува „Ден на независноста“ по аналогија со други празници во светот, кои навистина стекнале државна независност. Извор: АР.

12 јуни е датум кој е многу важен во современата историја на Руската Федерација. Овој празник во Русија се празнува уште од 1992 година, а веќе долги години амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија го одбележува со свечен прием.

12 јуни неофицијално се нарекува „Ден на независноста“. Вистинскиот назив на овој празник најпрво бил „Ден на донесување на декларацијата за државен суверенитет на Руската Федерација“. Токму на овој датум во 1990 година на првиот Конгрес на народните пратеници на РСФСР беше донесена „Декларацијата за државен суверенитет на РСФСР“. Со одлука на Врховниот Совет на Руската Федерација од 1992 година 12 јуни се означува како празнична дата, а со официјален указ на претседателот на Руската Федерација од 2 јуни 1994 година, овој ден станува и официјален државен празник. 

Во Јалта по повод Денот на Русија ќе се одржи голем концерт со учество на ѕвездите на рускиот шоу-бизнис, а кој ќе претставува почеток на Серускиот музички натпревар на млади изведувачи „Пет ѕвезди“. Натпреварите можете да ги следите на сајтот www.5zvezd.tv, а исто така и на Твитер, Фејсбук и на Јутјуб.

Интересно е и тоа што токму на 12 јуни 1991 година беа одржани и претседателските избори на РСФСР, на кои победи Борис Елцин. Во 2002 година празникот го добива називот „Ден на Русија“ и секоја година се прославува како државен празник, кој воедно е и неработен ден во Руската Федерација. 

12 јуни често се нарекува „Ден на независноста“ по аналогија со други празници во светот, кои навистина стекнале државна независност. Според едно истражувањата на Левада-Центар во 2003 година 65% од испитаниците овој празник го нарекувале Ден на независноста, додека во 2012 година бројката паднала на 36%. 

Оваа година централното место за празнување на Денот на Русија е приморскиот град Јалта. На брегот на Црно море ќе се појават ѕвездите на руската естрада во грандиозно шоу, кое всушност ќе претставува увертира на Серускиот музички натпревар на млади изведувачи „Пет ѕвезди“. 

Денот на Русија традиционално се одбележува и во Република Македонија, а организатор е амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Главниот настан по повод празникот беше одржан во вторникот на 10 јуни во хотелот Александар Палас во Скопје. 

Во топлата приквечерина во салата за свечености на хотелот почнаа да се собираат многу луѓе: дипломати, политичари, јавни личности, уметници, новинари, пријатели на Русија. Сите тие беа пречекани од дипломатскиот врв на амбасадата на чело со неговата екселенција Олег Николаевич Шчербак и неговата сопруга Лариса Валентиновна Шчербак. 


Неговата екселенција Олег Николаевич Шчербак. Извор: Амбасада на РФ во РМ

Меѓу гости можеа да се забележат и лица од македонскиот државен врв – претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на македонското собрание Трајко Вељановски, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски. Како и секоја година со своето присуство присутните ги удостои поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан, а оваа година беше присутен и ректорот на Московската духовна академија, архиепископот Верејски Евгениј. 

Почетокот на свеченоста беше означен со бравурозната изведба на македонската и на руската химна од страна на хорот на универзитетот св. Кирил и Методиј од Скопје.  

Токму на 12 јуни 1991 година беа одржани и претседателските избори на РСФСР, на кои победи Борис Елцин. Во 2002 година празникот го добива називот „Ден на Русија“.

Потоа на присутните им се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, кој на почетокот им се заблагодари на сите присутни за почитта што ја покажуваат кон празникот и кон Руската Федерација.

Во својот поздравен говор тој истакна: „Како амбасадор на Русија во Република Македонија задоволство ми е да забележам дека односите помеѓу нашите пријателски и духовно блиски земји успешно се развиваат. Уверен сум дека така ќе биде и во иднина.“ Притоа, амбасадорот ја искористи можноста да им се заблагодари на своите партнери и колеги во МНР на Македонија, на другите министерства, на парламентот, на претставниците на бизнисот, на јавните и на религиозните организации, како и на медиумите за конструктивната соработка, а на сите Македонци за срдечноста, гостопримството и за длабоките симпатии кон Русија. 

„Ваквата атмосфера на благонаклонетост и на отворен партнерски дијалог е нашето заедничко наследство, кое треба да го негуваме и да го зајакнуваме на секој можен начин за доброто на нашите народи. Ова е особено важно во сегашното сложено време, кога сите ние се судираме со сериозни проблеми и со глобални предизвици, со рецидиви на студената војна, со ксенофобија и со обиди за повторно заживување на фашизмот, меѓу другото и во Европа. Историското искуство покажува дека овие закани можат да се надминат единствено со заеднички напори и само врз основа на строго придржување, а не на произволно толкување во духот на „двојните стандарди“, на нормите на меѓународното право, врз основа на заемно почитување и земање предвид на интересите еден кон друг“, додаде амбасадорот Шчербак.

На приемот, исто така, беше организирана изложба на фотографии и документи под наслов „425 години од Руската патријаршија“, која предизвика особено внимание кај присутните. Дружењето продолжи во прекрасна атмосфера проследена со музиката на инструменталното трио „Виварт“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња