Влегувањето на американските бродови во Црното Море ќе доведе до возвратни мерки, изјави за РИА „Новости“ директорот на Одделот за европска соработка на МНР РФ Андреј Келин.
На 6 јуни американскиот разурнувач „Портер“ влезе во Црното Море за да учествува во заедничките маневри на НАТО во рамките на операцијата „Атлантска решителност“.
Според Келин „одвреме-навреме американските бродови наминуваат во Црното море“.
„Се разбира, тоа не предизвикува кај нас одобрување и ќе доведе, без сомнение, до мерки за планирање одговор“, потенцираше дипломатот.
Тој исто така го коментираше преместувањето на американскиот носач на авиони „Хари Труман“ од Персискиот залив во Средоземното море. Според Келин, во преместувањето на американски бродови нема ништо ново, „постои слобода на морска пловидба, постои право на мирно преминување“. Сепак, тоа што се прави во пресрет на самитот на НАТО во Варшава е демонстрација на моќ и води кон одредено зголемување на тензиите во односите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче